Добредојдовте!

Најпрво едно огромно добредојде во моето мало царство на креативната уникатност до сите Вас! Секако, многу би ми значело доколку имате било каков коментар за мојата работа..
Ви благодарам на вашето внимание..


Friday, April 2, 2010

~~~ Pasqua ~~~ Easter ~~~ Велигден ~~~

Повелете утре (сабота) од 10 до 17 ч. во чаршија на БАЗАААААААААААААР на рачни изработки :) којшто се одржува секоја сабота кај Vinoteka Temov. Најинтересните и единствени велигденски украси само на тезгата на "ANDILUNA" handmade painted gifts! Повелете!

Monday, March 8, 2010

СРЕЌЕН ОСМИ МАРТ

Честитки за сите девојчиња, девојки, дами, мајки, сестри, тетки, братучетки... Среќен Осми Март ЖЕНИ! :)

Friday, March 5, 2010

Елегантно.. Уникатно.. Креативно..

Ѓердан и обетки плетени со сребрена тенка жица и украсени со дрвени сини монистри со седефаст сјај... Обетки плетени со тенка златна жица украсени со златни дрвени монистри

8 of March, Women's day.. ~ 8 ми Март, Денот на жената

Во прилог на празникот којшто ни се ближи, 8 ми Март или Денот на жената, бевме доста активни... Кога велам бевме, мислам на мене и мајка ми, која истовремено е мојата најдобра другарка, сестра а воедно и колешка. :) Ние сме тим чијашто филозофија првенствено се темели на огромната љубов кон креативноста. Целосно се надополнуваме во она што го работиме и во секоја наша креација се крие нашата оригиналност. За овој "женски" празник изработивме толку многу подарци што немаме време (а ни живци :]) за сите да ги сликаме.. Ова е само дел од таканаречените "осмомартовски" женски подароци:) Се надевам дека ќе Ви се допаднат...:)